Вие имате прво да ја знаете вистината

Сашко Кедев како да е роден на Хималаите: Нов подвиг на познатиот кардиохирург, го освои осмиот највисок врв во светот

Експедиција составена од 22 членови успешно го освои еден од осумтте највисоки врвови во светот, врвот Манаслу во Непал, кој е дел од планинскиот ланец на Хималаите. Член на оваа експедиција е и Македонецот, Сашко Кедев.

Оваа вест, како главна вест пред малку беше објавена на најпознатиот светски сајт специјализиран за планирање и алпинизам, ExplorersWeb. Во списокот кој беше објавен од овој портал се наоѓа и името на нашиот алпинист Кадев.

Инаку, врвот Манаслу (8,163м) меѓу алпинистите е познат и како Планина на Духот. Во светот има само 14 врвови кои се повисоки од 8000 метри или народски кажано осум киломтри. Манаслу е еден од нив. Тој е само 65 километри оддалечен од Анапурна која е позната на македонската јавност.

Според досегашните информации и детали кои се потпираат само на изјавата на Британецот Џон Гупта, кој успешно се искачи до врвот и безбедно се врати назад во базата, се уште нема точни информации кои членови од експедицијата се качиле на врвот и го истакнале знамето на својата држава.

Ние се качивме до врвот на планината, но не сум сигурен кои се од експедицијата успеале да се качат до самиот врв, бидејќи неколкумина од нив заостануваа неколку десетина метри зад нас кои бевме на чело на колоната, изјави тој и додаде дека условите горе на Хималаите биле совршени, иако нивната последна фаза на искачувањето била со мало каснење бидејќи цело време биле на кислород.

Сепак успеавме да направиме добра патека и сите кои ќе се обидат да се искачат на врвот во наредните денови ќе имаат олеснета задача.

Се уште нема информации дали Сашко Кедев го истакна македонско знаме на врвот Манаслу, иако дефинитивно тој бил дел на делагацијата.

Во изминатите неколку години Сашко Кедев направи вистински подвид и успеа да ги освои највисоките врвови на сите седум континенти.

Во 2013 година во едно свое интервју Кедев изјави дека се надева дека здравјето ќе го послужи и дека ќе отиде повторно на Хималаите и ќе освои еден од врвовите над 8000 метри. Желбата сега му се оствари.

Сашко Кедев е роден 1962 година, важи за еден од најдобрите кадрихирурзи на Балканот, беше шеф на македонската кардиологија за време на власта на Никола Груевски, а 2004 година беше поразен од Бранко Црвенковски како кандидат на ВМРО ДПМНЕ на тие претседателски избори.

Од 2015 година Сашко Кедев е член на МАНУ.

По смртта на Димитар Илиевски Мурато, 1989 година, македонските алпинисти секогаш биле дел на други експедиции кои ги освојувале највисоките врвови во светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!