Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО го потресува голема афера, извештајот е страшен за читање, ќе “летаат глави” се закани Тедрос Габрејесус

СЗО соопшти дека се разочарани од наодите дека нејзините здравствени и помошни работници кои се бореле против еболата во Конго сексуално злоупотребувале жени.

Директорката на Светската здравствена организација за Африка, Матшидисо Моети, им се извини на жените и девојките кои беа жртви поради постапките на персоналот на СЗО во периодот помеѓу 2018 и 2020 година, објави Би -Би -Си.

Локалните жени рекле дека биле принудени да пијат алкохол, а потоа биле принудени да имаат секс. Директорот на СЗО Тедрос Гебрејесус рече дека тоа е непростливо.

Тедрос Гебрејесус изјави дека извештајот од 35 страници бил тежок за читање, а потоа им се извинил директно на жртвите и преживеаните од сексуална експлоатација и злоупотреба.

Жал ми е за она што ви го направија луѓето што работеа под покровителство на СЗО, чија цел беше да ви служат и да ве заштитат. Овој случај ќе биде меѓу моите приоритети и сторителите не само што ќе бидат протерани, туку и ќе одговараат за направеното, додаде Тедрос.

Матшидисо Моети рече дека е понизна, запрепастено и дека нејзиното срце е скршено, по откривањето на независната истрага.

Во извештајот на независната комисија се вели дека 21 од 83 сторители биле вработени во СЗО.

Извештајот беше изготвен по спроведената истрага во која беа вклучени 50 жени кои ги обвинија работниците на СЗО и други работници за поддршка за сексуална злоупотреба и експлоатација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!