Вие имате прво да ја знаете вистината

Пука груевизмот: Шокантна колумна на Никола Тодоров. Јане Сандански бил директор на затворот во Дупница, тој не се борел за ослободување на пиринска Македонија од бугарските окупатори!?

Поранешниот министер во неколку влади на Никола Груевски и висок функционер во ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров предлага, ако треба, државата да ги намали платите и пензиите, но да обезбеди средства да се истражи делот од историјата околу кој спорат Македонија и Бугарија. Тоа била најважната работа за секој Македонец, пишува Тодоров во својата последна колумна за Дојче Веле на македонски јазик.

Бугарија ја владеела пиринска Македонија многу години претходно, пишува Тодоров и додава, а јас не сум чул дека имало некое востание или организација која се борела за отцепување на пиринска Македонија од тогашна Бугарија, иако претходно имало востанија во пиринска Македонија против Турците. Знам и дека триста четници од одредот на Јане Сандански, во содејство со бугарската коњичка група на мајорот Цонев, на 8 ноември 1912 година, влегле во Солун пред влегувањето на останатата бугарска војска, но не знам дека Јане Сандански организирал востание за ослободување на пиринска Македонија од Бугарите. Било пологично Јане Сандански да организира востание за ослободување на пиринска Македонија од Бугарите отколку да се бори против далеку посилната турска империја и да ја ослободува вардарска Македонија, бидејќи тогаш Бугарија била далеку послаб противник од Турција.

Според Тодорв: Тој не само што не се борел против Бугарите, туку и станал управник на затворот во Дупница во 1899 година. Зошто Јане вака делувал, исто така треба јавно да биде расчистено. Затоа предлагам државата веднаш да обезбеди неограничени средства и ресурси за расветлување на оваа работа. Ако треба нека се намалат платите и пензиите, нека престанат инвестициите (и тие што недоволно ги има) бидејќи ова е најважната работа за секој Македонец. 

Целата колумна можете да ја прочитате на страниците на Дојче веле на македонски јазик.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!