Вие имате прво да ја знаете вистината

Снимка на височина од осум илјади метри: Македонското знаме се вее на Хималаите (видео)

Нашиот познат кардиолог Сашо Кедев утрината ни се јави од главниот град на Непал, Катманду и ни испрати видео од неговиот голем успех, освојувањето на осмиот највисок врв на светот. Како што ни рече докторот Кедев, досега само 16 луѓе во светот го имаат освоено врвот Манаслу.

Кадев е веќе во Катманду, главниот град на Непал, што ќе рече дека спуштањето од Хималаите поминало во најдобар ред.

Инаку, врвот Манаслу во Непал, кој е дел од планинскиот ланец на Хималаите. Во светот има 14 врвови повисоки од 8.000 метри, а Манаслу е на осмо место на таа ранг листа на највисоки точки на земјината топка.

Инаку, врвот Манаслу кој е со висина од 8,163 метри меѓу алпинистите е познат и како Планина на Духот.

Како што вели доктор Кедев главен во експедицијата за освојување на Манаслу беше Мингма Г Шерпа од Непал. Тој е најмладиот планинар кој успеал да ги освои 14-те највисоки врвови во светот и го држи рекордот дека за 61 ден успеал да ги освои и Монт Еверест и врвот К2.

Во изминатите неколку години Сашко Кедев направи вистински подвид и успеа да ги освои највисоките врвови на сите седум континенти.

Еве го видеото каде се гледа освојувањето на осмиот највисок врв во светот и веењето на македонското знаме на висина поголема од осум километри над површината на морето.

Големи честитки за Сашко Кедев и целата експедиција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!