Вие имате прво да ја знаете вистината

Животна драма на млада Словенка: Во болница е донесена во критична состојба, лекарите тоа го поврзуваат со вакцинацијата

Млада Словенка се наоѓа во многу тешка здравствена состојба по претрпениот мозочен удар, за помалку од две недели откако беше вакцинирана против ковид-19, со вакцината Џонсон и Џонсон, објави денеска Словенечката телевизија.

20-годишната девојка е клинички мртва и е хоспитализирана на одделот за интензивна нега.

Словенечкиот инфектолог Бојана Беовиќ, го коментираше овој случај:

Таков негативен ефект на вакцината се јавува во неколку случаи на еден милион и ние не очекувавме такво нешто, изјави за Радио Словенија, шефот на советодавната група за вакцинација на словенечката влада, инфектологот д -р Бојана Беовиќ.

Немавме сериозни предупредувања дека треба да ја ограничиме оваа вакцина. Но, овој настан е толку трагичен што мое лично мислење е дека во овој момент ние повеќе нема да ризикуваме и повеќе нема да ја користиме оваа вакцина, без оглед на различното мислење и на ЕМА и на голем број други држави што ја користат, рече таа.

Десетици илјади Словенци досега ја примиле оваа вакцина, која се дава во една доза. Таа најмногу се бараше во последните недели, кога владата воведе ограничувања поврзани со задолжителни ковид потврди и најави задолжителна вакцинација за некои категории граѓани, како и за туристички патувања во странство без да се чека втора доза.

Уште една млада Словенка почина од мозочен удар за помалку од две недели откако беше вакцинирана против ковид-19 со вакцината Џонсон и Џонсон, објави денеска Словенечката телевизија.

Лекарите во Брисел тогаш и дијагностицирале длабока венска тромбоза и и препишале терапија, но таа починала во болница, откако била во критична состојба неколку дена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!