Вие имате прво да ја знаете вистината

Анџелина Џоли во нова љубовна романса: Глумицата и познатиот пејач биле видени во луксузен италијански ресторан

Холивудската дива и нејзиниот нов дечко поминаа два ипол часа во луксузен ресторан.

Глумицата Анџелина Џоли е забележана со својот нов дечко, познатиот пејач Абел Маконен Тесфај или попознат како Викенд.

Една од најпознатите глумици Анџелина Џоли повеќе не ја крие романсата со познатиот пејач Викенд, а подолго време кружат гласини за нивната љубовна приказна. Повеќе пати до сега се забележани во романтично издание за време на излегување во Лос Анџелес.

Познатата глумица и пејачот поминале повеќе од два ипол часови во приватен дел на луксузен италијански ресторан во Санта Моника, популарен дел во Лос Анџелес. А за тоа го сведочат и сведоци предходно ги имаат видено заедно.

Како пренесуваат медиумите, ресторанот во кои тие поминале романтична вечер е истиот ресторан од нивната прва средба која се случила на 20-ти јуни. Иако Анџелина се потрудила да дојде на вечера во 20 часот сама, не и пречеше да си заминат заедно со партнерот, а потоа и да влезат во ист автомобил. Како што пренесуваат медиумите по вечерата тие ноќта ја поминале во вилата на пејачот која се проценува на повеќе од 70 милиони долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!