Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали синот ќе го наследи убиениот татко: Големото враќање на династијата Гадафи на власт: Тоа го сакаат двете моќни сили!?

Сите надежи беа полагани на 24 декември, денот на изборите во Либија. Меѓутоа, три месеци пред тој датум, ситуацијата на терен се влошува, пишува Дојче веле.

Минатата недела, Претставничкиот дом на либискиот парламент ја повлече својата поддршка за владата на национално единство. Тоа не треба да има премногу влијание врз премиерот Абдул Хамид Дбеибех , бидејќи неговата главна задача беше да се подготви за претседателските и парламентарните избори според рамката поддржана од ООН.

Парламентот досега донесе само закон со кој се регулираат претседателските избори, но не и оној за парламентарните избори, кои се закажани за истиот ден. Неодамна, Дбебибех изрази загриженост, велејќи дека Либија можеби се уште не е подготвена за изборите.

Планот на ОН ја исклучува можноста самиот Дбеибех да се кандидира за претседател. Но, многу Либијци, особено на запад од земјата, не би се спротивставиле на неговата кандидатура. Со оглед дека усвоениот Закон за претседателски избори предвидува државните службеници да ги замрзнат своите позиции во државната служба три месеци пред изборите, тој ќе мора да поднесе оставка доколку сака да учествува.

Ова е најверојатно причината зошто претседателот на парламентот Агила Салех веќе поднесе оставка. Салех беше на листата на лица за кои беа прогласени санкции, но ЕУ и ОН го тргнаа од тој список со цел да се овозможи транзиција да продолжи, вели Вирџини Коломбиер , професорка на Европскиот универзитетски институт во Фиренца.

Таа е убедена дека друго име треба да биде на листата со санкции: генералот Калифа Хафтар. Тој моќен човек од истокот на земјата, кој беше одговорен за воената епизода во 2019 година, исто така, се повлече од функцијата командант на либиските вооружени сили. Затоа, може да се смета дека и тој има намера да се кандидира на претседателските избори, пишува Дојче веле .

Двата главни потенцијални кандидати досега се многу контроверзни личности. Тоа не е добро за иднината на политичката транзиција, изјави Вирџини Коломбиер за ДВ.

Други потенцијални кандидати најверојатно наскоро ќе влезат во трката за претседател. Саиф ал-Ислам Гадафи, еден од синовите на долгогодишниот владетел Моамер ел-Гадафи, кој беше соборен во 2011 година, веќе изрази интерес да се кандидира.

Се чини дека голем број меѓународни актери сакаат да играат таа карта, рече Хамди, геенерален директор на лондонската компанија, Интернационал интерест, додавајќи: Ако Саиф ал Ислам покаже дека има сила на теренот, тој би можел да биде кандидат и за Турција и за Русија.

Влијанието на овие две земји во Либија е огромно. Според ОН, во земјата има повеќе од 20.000 странски платеници и воен персонал од Турција, Русија, Судан и Чад. За ОН, нивното отстранување е една од клучните точки на договорот за прекин на огнот потпишан во октомври минатата година, што го отвори патот за избори. Досега, сепак, ништо не се промени на терен.

Сите се уште таму, потврдува Вирџини Коломбиер, но вели дека нивното присуство има и позитивна страна: Немаше големи конфликти во регионот на Триполи или околу Сирт во северната крајбрежна област. Барем прекинот на огнот се одржува, дури и ако ситуацијата на југ е понестабилна.

Професорот од Фиренца не верува дека платениците ќе ја напуштат земјата наскоро.

Според Хамди, нереално е да се очекува да се случи најдоброто сценарио: Би било добро да се одржат избори, Либијците да излезат и да гласаат за пратениците и претседателот, а партиите да ги прифатат тие резултати.

Поверојатно е, вели тој, дека нема да има јасно мнозинство и дека политичките противници нема да ги прифатат изборните резултати. Тоа значи враќање на статус кво, која вклучува слаба влада, поделба помеѓу Исток и Запад и голем број нерешени безбедносни прашања.

Но, ако најлошото сценарио е уште една војна, тогаш подобро е да продолжите со овие избори, рече Хамди, додавајќи дека неговата единствена надеж е дека изборниот процес може да доведе до нова ситуација што на крајот ќе им овозможи основа на следната генерација Либијци за решавање на споровите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!