Вие имате прво да ја знаете вистината

Розево е во мода: Џејмс Бонд на промоцијата на новиот филм на агентот 007, за прв пат во јавноста ја покажа својата ќерка

Даниел Крег, мега ѕвездата на новиот филм за Џејмс Бонд „No time to die “, се појави на лондонската премиера во интересна и не секојдневна модна комбинација, а во друштво со својата ќерка, која публиката ретко ја гледа на акви гала целемонии.

Иако сме навикнати да го гледаме 53-годишниот Даниел во темни костуми, на црвениот тепих, на изненадување на многумина, тој се појави со розе сако, кое му одговараше со црните панталони и вратоврска заедно со белата кошула. За Даниел, ова беше посебна вечер, бидејќи тој официјално се збогуваше со улогата на агентот 007.

Актерот имаше можност да се сретне и да разговара со принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, која што оваа година блескаше во еден од најубавите модни фустани за време на настанот.

По премиерата на „No time to die“, Крег се фотографираше со својата ќерка Ела, која е родена во врската со неговата прва сопруга Фиона, со која беше во брак само две години, од 1992 до 1994 година. По разводот, тој започна да се гледа со германската актерка Хејка Макач, со која беше во врска се до 2004 година.

По неколку кратки и неуспешни врски, тој започна вистинска љубовна романса со освојувачката на оскарот, Рејчел Вајс, со која добија дете во 2018 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!