Вие имате прво да ја знаете вистината

Лета шест пати побрзо од звукот, невидлив е за радарите, за десет секунди прави пепел, што се може новото моќно кинеско оружје?

Кинеските научници планираат да развијат хиперсонично оружје кое по ударот во целта, ќе ослободи интензивна електромагнетна сила (ЕМП) која ќе може да ја блокира комуникациската и енергетската инфраструктура на противникот.

Станува збор за развој на хиперсонична крстосувачка ракета со дострел до 3.000 километри, која може да лета шест пати побрзо од брзината на звукот. Со таква брзина, проектилот ќе ја достигне својата цел за само 25 минути.

Покрај тоа, кинеските научници работат на планот оружјето да го направат помалку видливо за радарите.

Детонацијата на проектилот над одредена цел нема да ги загрози животите на луѓето, но силните електромагнетни бранови би предизвикале горење на клучните електронски уреди во радиус од два километри, вели научникот Сун Женг од Кинеската академија за технологија за лансирање авиони во Пекинг.

Според South China Morning Post, хиперсоничното оружје EMP ќе користи хемиски експлозив наместо нуклеарни боеви глави.

ЕМП бомба е потешка од обичните бидејќи мора да носи голема количина батерии во кои има складирано доволно електрична енергија за да предизвика експлозија. Таквата бомба обично се исфрла од авион.

Уште во 2017 година, САД размислуваа да користат голема крстосувачка ракета со глава на ЕМП за да ги парализираат нуклеарните постројки на Северна Кореја. Но, планот не беше спроведен од страв дека Северна Кореја може да ја открие ракетата што доаѓа и да одговори со напад, а тој би бил најверојатно нуклеарен.

Сун и неговите колеги, сепак, тврдат дека најголемата предност на нивните крстоносни ракети ЕМП би била тоа што непријателот не би ни знаел дека таа доаѓа.

Независен кинески експерт од Нанџинг рече дека идејата е изводлива, бидејќи таквата технологија веќе се користи за да се намали отпорот на воздухот или да се контролира летот за време на хиперсонични летови.

Исто така, кинескиот тим научници истакнува дека нивното хиперсонично оружје ЕМП нема да има батерија, туку ќе користи супер кондензатори чија густина на енергија е 20 пати поголема од густината на батериите. Овие кондензатори ќе се полнат во текот на летото, користејќи енергија од истиот извор како и веќе споменатите генератори на плазма проектили.

Нашето оружје може да испушти 95 отсто од вкупната енергија за само 10 секунди, што е погодно за моментално празнење што би предизвикало електромагнетен импулс, стои во студијата објавена од тимот.

Сепак, вакввото оружја е се уште се во изготвувачка фаза, но Сун и неговиот тим веруваат дека тоа ќе игра фундаментална улога во следната генерација кинеско оружје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!