Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ може да остане без првото место на листата: Откриен планот на АТП, пак се играат игри!?

Новак Ѓоковиќ ја поминува 340-та недела на врвот на АТП листата. Меѓутоа, наскоро би можело да дојде до крај на оваа негова серија, а причината за тоа е планот за пресметување на поени кој е подготвен од АТП.

Имено, наредната недела Новак ќе остане без 500 поени, кои ги има освоено на турнирот во Токио. Ѓоковиќ ќе остане прв на АТП листата се до 1-ви ноември, но на тој датум ќе му бидат избришани уште 1000 поени од освоениот турнир во Париз 2019 година.

Иако Новак го освои овој трофеј пред две години, поради „замрзнување“ на поените тие се уште се бројат.

Планот на АТП за симнување на Ѓоковиќ од тронот е дека тие дури на 8-ми ноември ќе ги избришат 1000 поени кои Данил Медведев ги освои на мастерсот во Париз минатата година. Така што во тие седум дена може да се случи промена на врвот на листата.

Да се избегне ваков непотребен хаос, АТП во минатото овие разлики помеѓу датумите кога се бришат поените ги решаваше со тоа што би ги избришале поените на Ѓоковиќ и Медведев на ист датум.

Доколку тоа не се случи овој пат, Ѓоковиќ теоретски би можел да остане без неговото прво место на АТП листата на 1-ви ноември оваа година, но сигурно е дека во тој случај тој би се вратил на врвот на 8-ми ноември, а би се задржал таму се до 15-ти ноември и со тоа би бил 346-та недела од врвот на АТП листата.

Ако дојде до ова сценарио, Медведев би можел на почетокот на ноември да биде прв на АТП листата но не за долго. Во секој случај Ѓоковиќ би бил на врвот на листата пред завршниот мастер турнир во Торино оваа година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!