Вие имате прво да ја знаете вистината

На Вучиќ не му било добро, откажува состаноци, дали “боледува” од косовски синдром!? Не биле срцеви проблеми, му требал одмор

Претседателот на Србија, Алексадар Вучиќ откажа некои обврски по советот на својот лекар, изјави Сузана Васиљевиќ , негова советничка за медиуми, пренесува Нова.рс.

Здравјето на претседателот не беше добро, а денес пристигнува Урсула фон дер Лејен и со неа ќе бидеме во Ниш, означувајќи го почетокот на работата на новиот железнички коридор, потоа одиме во Дубаи и секојдневните проблеми на Косово , па мораше да застане. Така решивме, односно докторите му предложија да застане некое време и да се одмори, рече Васиљевиќ во емисијата на Еуроњус вечерта.

На прашањето дали јавноста треба да биде загрижена, таа одговори не. Се надевам дека се ќе биде добро, едноставно се работи за пауза, рече советникот на претседателот на Србија.

Според Васиљевиќ, одложени ќе бидат состаноците со амбасадорите на Русија и Кина се одложени за средаи истите се презакажани за друг термин.

Откажан е и најавениот говор на Вучиќ на дводневната конференција-Западен Балкан, еден регион, еден пазар – чекор кон заедничкиот пазар на ЕУ, во Нови Сад.

Минатата недела Александар Вучиќ рече дека имал срцеви проблеми и дека резултатите од тие прегледи дошле во рацете на странски служби на некои моќни амбасади, но дека не се плаши од смртта и дека е тоа природен процес.

Во Белград сега велат дека Вучиќ боледува од “косовски синдром” и дека целата драма која се дигна околу Косово излезе малку од контрола и дека тој сфаќа дека е помината границата. Оттаму и потребата да крене малку рачна и да се тргне малку на страна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!