Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин намерно дојде на средбата со убава бринета, таа беше преведувачка која личеше на Меланија и требаше да го збуни Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин поведе со себе атрактивна преведувачка која требаше да го одвлече вниманието на поранешниот претседател Доналд Трамп на нивната средба во 2019 година, открива поранешната службеничка во Белата куќа, Стефани Гришам, во својата книга која наскоро треба да се појави во продажба.

Делови од книгата I’ll Take Your Questions Now: What I Saw in The Trump White House објавија Вашингтон пост и Њујорк тајмс, а таа во книжарниците ќе може да се најде веќе на 5-ти октомври.

Гришам беше асистент во кампањата во 2016 година, а наскоро стана портпарол на првата дама Меланија Трамп. Од јули 2019 година до април 2020 година, таа беше именувана за секретар за медиуми и директор за комуникации во Белата куќа.

Потоа, таа се врати на Источното крило за повторно да биде портпарол на првата дама, и во новата книга, таа ги откри одговорите на голем број прашања и раскажа некои од најнезаборавните моменти од мандатот на Трамп.

На состанокот во Јапонија во 2019 година, Трамп пред камерите го караше и предупредуваше рускиот претседател, Владимир Путин, велејќи му на рускиот лидер да не се меша во изборите, а потоа зад затворена врата мирно разговараа цели 90 минути, без присуство на новинарите.

Според Тајмс, Гришам разговарала со Фиона Хил, експерт за Русија во претседателската администрација, која и објаснила што направил Путин за да го збуни Трамп.

Кога започна состанокот, Фиона Хил се наведна и ме праша дали ја забележав преведувачката на Путин, многу привлечна бринета со долга коса, убаво лице и убава фигура, напиша Гришам.

Продолжи да ми зборува дека се сомнева дека Путин лично ја избрал оваа жена за да го одвлече вниманието на нашиот претседател, рече таа.

Бринетата во син фустан седеше до Путин во собата додека рускиот лидер се поздравуваше со американската делегација во Осака.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!