Вие имате прво да ја знаете вистината

Убавата Малена на која ни времето не и може ништо: “Убавината е хендикеп само ако си глупа”, фаталната Моника Белучи денес слави

Актерката и модел Моника Белучи денес го слави својот роденден. Таа ќе наполни 57 години, но сепак често ја среќаваме и на списоците за најубави и најсекси жени на планетата.


Родена е на 30 септември 1964 година во италијанскиот град Чита ди Кастело како единствено дете во скромно семејство, а својата кариера за манекенство ја започна кога имала 13 години.


На покана на агенцијата Elite Model Management во 1988 година се пресели во центарот на модата, во градот Милано, и воспостави соработка со тогаш непознатите модни дизајнери Доминик Долче и Стефано Габана и стана заштитно лице на нивниот бренд Долче и Габана.


Таа влезе во светот на филмот на почетокот на деведесеттите години, а улогата на Малена и донесе светска слава.


Филмот Малена открива необична приказна за волшебноста и сонувањето на Ренато, тринаесетгодишно момче кое е опседнато со Малена, најубавата и најпосакуваната жена во градот која живее сама, бидејќи нејзиниот сопруг отишол во војска.


Во овој филм Моника е претставена како икона за убавина, филмски гламур и шарм, како некои одлични диви од минатото.

Таа глумеше во филмовите: Дракуша, Пакт со волците, Стан, Одзади, Собите на сонцето, Страдањата на Христос, На Млечниот пат. Таа е првата актерка што ја игра девојката на Бонд во шестата деценија – имаше 50 години кога се појави во епизодна улога во филмот Спектар.


Белучи беше во брак со францускиот актер Винсент Касел од 1999 до 2013 година и со него има две ќерки.
Ретката комбинација на совршено лице и волшебното тело на Моника Белучи и ја донесе титулата секс симбол и важи за една од најубавите жени. Бројни машки списанија редовно ја рангираат на самиот врв на изборот за убавина и сексапил, а актерката во интервју за Би -Би -Си ја коментираше својата убавина:

Убавината е хендикеп ако сте глупави, но не и ако сте интелигентни и знаете како да ја користите вашата убавина. Се чувствувам добро и удобно во моето тело, но не затоа што сум убава. Знам многу убави луѓе и нивните животи се толку многу ужасни. Тие се чувствуваат многу непријатно со самите себе. Среќна сум што ме сакаат. Имам прекрасно семејство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!