Вие имате прво да ја знаете вистината

Danella për një Shkup Modern: Независната стана двојазична

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје. Данела Арсовска поддржана од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ својата кампања почна да ја води двојазично.

На официјалната веб страна на кандидатката www.zaskopje.mk може да се најдат информации и обраќање на албански јазик.

За разлика од независната кандидатка која својата кампања ја води двојазично,лидерот на партијата Христијан Мицкоски упорно повторува дека не ја поддржува и нема да ја поддржи двојазичноста во Република Македонија.

Инаку Данела Арсовска побара од скопјани да и испраќаат идеи на кои таа ќе ги користи во својата кампања.Дел од порталите ја обвинија Арсовска дека за таа цел го користи службениот мејл на Сојузот на Стопански Комори каде е претседателка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!