Вие имате прво да ја знаете вистината

Европа сe топи како “коцка мраз”: Монт Блан понизок за еден метар

Француските експерти објавија, дека според нивните најнови мерења,највисокиот врв во западна Европа, Мон Блан, се смалил за речиси еден метар од претходната официјална височина.

Географските експерти велат дека по експедицијата во средината на септември, моќната планина во срцето на француските Алпи, била висока 4.807,81 метри или е пониска од нивната последна објавена проценка од 4.808,72 метри во 2017 година.

Сега останува климатолозите, глациолозите и другите научници да ги разгледаат сите собрани податоци и да ги изнесат сите теории за објаснување на овој феномен, рекоа тие на прес-конференција во градот Сен-Жерве-ле-Бејн, во подножјето на Мон Блан,во средата.

Додека алармот расте низ целиот свет поради топењето на глечерите, официјалната височина на Мон Блан е во надолна линија повеќе од една деценија. Највисокото неерење било 4.810,90 метри во 2007 година.

Според научниците во прашање е природен феномен.

Француските експерти велат дека планината губела просечно 13 сантиметри во висина секоја година од 2001 година

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!