Вие имате прво да ја знаете вистината

Пациентите скокаа од прозорите: Има девет загинати лица. Страшна трагедија во Романија, гореше ковид болницата (видео)

Девет лица загинаа во пожар што избувна во единицата за интензивна нега за пациенти со ковид-19 во романскиот град Констанца, соопштија тамошните власти.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот во градот на Црно Море околу 10:55 часот по локално време, при што донесоа засилување од други области.

Видеата од местото на настанот покажуваат како пациентите скокаат од долните катови на болниците и пожарникарите ги изнесуваат луѓето.

Привремениот романски министер за здравство Чесе Атила рече дека во моментот на пожарот во болницата имало 113 пациенти, а 10 биле на интензивна нега.

Досега 50 пациенти се пренесени во други болници.

Повеќе од 12,1 илјади пациенти, вклучувајќи 315 деца, беа третирани од ковид-19 во романските болници во четвртокот. Во единиците за интензивна нега имаше 1364 лица.

Бројот на нови случаи на инфекција во четвртокот беше 12.032, што е нов рекорд. Романија ја има втората најниска стапка на вакцинација во Европската унија, зад Бугарија.

Во февруари, од пожар во ковид болница во романската престолнина Букурешт, животот го изгубија шест лица. Минатиот ноември, десет лица загинаа во пожар на единица за интензивна нега во болница во Пјатра Нимт, на североистокот од државата.

Романија изгради само една болница во последните три децении и троши најмалку за здравствена заштита од членките на ЕУ, а десетици илјади лекари и медицински сестри ја напуштија земјата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!