Вие имате прво да ја знаете вистината

Пукна карантинот и во Австралија, дојде живот и за Македонците во Мелбурн и Сиднеј, ќе можат да патуваат во странство

Австралискиот премиер Скот Морисон денес објави дека 18-месечната забрана за Австралијците кои патуваат во странство ќе биде укината следниот месец, со што ќе се олесни едно од најстрогите ограничувања воведени како дел од борбата против ковид-19 на глобално ниво.

Повторното отворање на меѓународната граница за граѓаните и постојаните жители, ќе биде поврзано со воспоставување домашен карантин во осум австралиски држави и територии, рече Морисон, што значи дека некои делови од земјата ќе се отворат порано од другите.

Првата фаза од планот, додава тој, ќе се фокусира на дозволување на граѓаните и постојаните жители да ја напуштат Австралија.

Време е да им го вратиме животот на Австралијците. Спасивме животи, рече Морисон за време на телевизиската прес конференција. Според планот објавен денеска, Австралијците кои се целосно вакцинирани ќе можат да патуваат во странство и да одат во седумдневен карантин по враќањето дома.

Луѓето кои не се вакцинирани ќе мора да поминат 14 дена во карантин во хотел по нивното враќање. Морисон рече дека неговата влада работи и на можноста да се патува без карантин во земји како Нов Зеланд.

Морисон ја затвори меѓународната граница во март 2020 година. Оттогаш, само на ограничен број луѓе им е дозволено да ја напуштат земјата од деловни или хуманитарни причини.На граѓаните и постојаните жители им беше дозволено да се вратат од странство, под услов на ограничени квоти и задолжителен карантински период од 14 дена, поминати во хотел на сопствен трошок.

Морисон рече дека очекува првиот систем за домашен карантин да биде во ноември и повторно да се отворат сите национални и меѓународни граници кога стапката на вакцинација за лица на возраст над 16 години достигне 80 проценти, што се очекува до крајот на следниот месец.

Според Ројтерс, строгото затворање на границите на Австралија е заслужно за релативно малиот број смртни случаи и инфекции, бидејќи во таа земја се регистрирани нешто повеќе од 107.000 случаи на ковид-19 и околу 1.300 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Во Австралија денеска беа пријавени 2.084 нови случаи, од кои најголем број беа откриени во Нов Јужен Велс и Викторија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!