Вие имате прво да ја знаете вистината

Тој кој беше над сите: Според него е снимен филмот Кум, најсуровиот мафијашки бос од Корлеоне, со пет тони динамит убиваше судии

Првите мафијашки чекори ги направи кога бил многу млад, пред полнолетсвото.Тој бил син на сиромашен селанец, роден на 16 ноември 1930 година во озлогласеното село Корлеоне, недалеку од Палермо. Корлеоне се стекна со светска слава благодарение на трилогијата Кум , а неговиот живот на многу начини личеше на мафијашките шефови од филмот.


Салваторе Тото Рина, шефот на Коза Ностра, беше еден од најозлогласените сицилијански мафијаши. Заедно со шефовите Лучијано Легио и Бернардо Прованцано, тој е одговорен за илјадници убиства, а поради неговата суровост, го доби прекарот ѕвер.


Шефот на мафијашките босови, како што беше уште познат, почина во затворската болница во Парма во ноември 2017 година. Рина страдал од рак, срцеви заболувања и паркинсонова болест. Сакаше да излезе од затвор за да умре достоинствено, но неговото барање беше одбиено. Тој ја дочека својата смрт со отслужување на доживотна казна затвор.


Рина ги загуби својот татко и брат кога бил многу млад. Тие беа убиени во експлозија додека се обидуваа да извлечат барут од неексплодирани американски бомби од 1943 година. Рина остана сам и за многу брзо време се свртел кон криминал. На 19- годишна возраст, како член на локална банда во Корлеоне, изврши убиство во пресметка, за што помина шест години во затвор. Во текот на 1950-те години во Корлеоне главен шеф беше Микеле Наваро.


Тото и неговата банда го планираа убиството на Навара. По неговото убиство, Тото Рина, Бернардо Провенцано, Лучијано Легио и Антонио Калдероне, одат во Палермо, со намера да го преземат градот. Прекарот Корлеонези го добиле по местото од каде што потекнуваат. Токму оваа група ќе станат и првите луѓе на Коза ностра.


Во осумдесеттите години на минатиот век, Рина се искачи на самиот врв на Коза ностра. По големите мафијашки војни (1981-1983) од кои излезе како победник (големите шефови беа уапсени и осудени), тој направи најголеми зделки со дрога, а се верува дека тој лично наредил повеќе од 150 убиства. Иако не ја напушти Сицилија, повеќе од четвртина век успеа да и крие на полицијата и да ја предводи најпознатата мафијашка организација во светот.


Меѓу неговите најозлогласени злосторства се убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселини во 1992 година, бескомпромисни борци против мафијата, кои изведоа пред суд над 300 членови на Коза Ностра во 1987 година. На автопатот кон Палермо, на еден канал преку кој поминуваше автопатот, убијците на Рина поставија половина тон динамит. Во моментот кога автомобилот поминал над тоа место, бомбата била активирана. Фалконе, неговата сопруга и тројца телохранители беа убиени. Во јули истата година, бомба беше поставена во автомобилот на Паоло Борселино во Палермо, при што тој и петмина полицајци загинаа.


Исто така, озлогласениот шеф не се потруди да спречи ни убиство на деца. Еден од најпознатите случаи е убиството на 13-годишното момче, кое беше киднапирано во обид за Рина да го спречи неговиот татко да не и открие мафијашка тајна на полиција. Убиството беше брутално – момчето беше задавено и неговото тело растворено во киселина.

По повеќе од две децении железна власт на чело на сицилијанската Коза Ностра, Рина беше уапсен во јануари 1993 година во куќата на Виа Бернини во Палермо, која служеше како негово скривалиште. Објавена е и снимка од прислушкувањето на Рина, во која се слуша како вели „не жали за ништо“ и дека нема „да го скршат ниту ско му дадат затвор од 3000 години“.


Сопругата на Рина е Нинета Багарела. Исто така, неколку пати беше обвинувана за разни кривични дела, а потекнува од семејство кое веќе има долгогодишно искуство во Коза Ностра. Тие се венчаа во 1974 годин и имаа четири деца – ќерките Конкета и Лусија и синовите Џовани и Џузепе.

Синовите на Риина ја продолжија семејната традиција и останаа во мафијашките води. Во 2001 година Џовани беше осуден на доживотен затвор за четири убиства, а Џузепе беше осуден на 14 години затвор во 2004 година. Не е точно познато колку пари заработил Рина со криминални активности, но се проценува дека станува збор за 125 милиони долари. Огромната вила што ја изгради беше одземена од властите во 1997 година и претворена во училиште.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!