Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова треба да го знае секоја жена: Три грешки поради кои се расипува зимницата (фото)

Многу домаќинки веќе ги засукаа ракавите и на полиците ги ставија првите тегли со ајвар, кисели краставички, сок од домати, џемови, мармалади. Иако сето ова е многу полесно да се купи во продавница, сепак домаќинките се одлучуваат за стандардната верзија на зимска храна која не може да биде ни приближно иста со купен производ.

Подготовката за зимницата е многу тешка работа, така што членовите на семејството честопати доаѓаат да помогнат за барем малку да го забрзаат процесот. Но и покрај вложениот труд, се случува зимницата да биде уништена пред официјално да дојде зимата.

Време, напор, пари, храна, сето тоа исчезнува пред вашите очи, најчесто поради овие три грешки.

1.Теглите не се добро стерилизирани.

Ако теглите се слабо стерилизирани, микробите можат да останат во нив. Штетните микроорганизми ќе предизвикаат ферментација на зеленчук или овошје. За да се избегне ризикот од овој феномен, важно е темелно да се дезинфицира.

Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете ги добро измиените тегли. Теглите не смеат да се допираат. По 10 минути, извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат. Исто така, треба да ги ставите капаците во врела вода најмалку 10 минути да се варат.

2.Не ги затворате добро теглите

Додека е уште жешко, веднаш треба добро да го затворите капакот за да создадете вакуум, така што топлината ќе го извлече кислородот, кој е погоден за формирање бактерии. На крајот, ставете ги теглите во ќебиња и оставете ги да се изладат природно преку ноќ.

Добар начин за затворање шишиња со варени домати или овошен сок е весникот и белките од јајца. Потопете парчиња весник во изматените белки и залепете ги преку горниот дел од шишето. Кога белките се сушат, шишето е херметички затворено.

3.Користите премногу зрел или оштетен зеленчук или овошје

Важно е плодовите што ги избирате за зимницата да бидат цврсти и без оштетувања, за да траат цела зима. Исто така, важно е да ја измиете и исецкате храната непосредно пред да започнете со правење на зимницата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!