Вие имате прво да ја знаете вистината

ЕМА со нови сознанија: Вакцината Џонсон (веројатно) предизвикува нов облик на згрутчување на крвта!?

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека најверојатно постои можна врска меѓу вакцината Џонсон и Џонсон и дополнителните ретки случаи на згрутчување на крвта и препорача тоа да се вклучи во листата на несакани ефекти од вакцината.

ЕМА наведе дека нова, потенцијална опасна по живот, состојба на згрутчување на крвта позната како венска тромбоемболија (ВТЕ), ќе биде наведена во описот на несакани ефекти од вакцината на Џонсон за ковид-19 и дека нарушувањето треба да се одвои од ТТС.

Компаниите за вакцини Џонсон и Џонсон и АстраЗенека претходно беа поврзани со многу ретка комбинација на згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити, позната како синдром на тромбоза со тромбоцитопенија (ТТС).

ЕМА, исто така, препорача да се додаде и имунолошка тромбоцитопенија (ИТП), нарушување на крварењето предизвикано од телото кој погрешно ги напаѓа тромбоцитите, како одговор на вакцините Џонсон и Џонсон и АстраЗенека.

И двете вакцини се засноваат на безопасни векторски вируси кои го поттикнуваат телото да произведе протеин што спречува инфекција со коронавирус, пишува Ројтерс.

ВТЕ обично започнува со формирање на тромб во вена во ногата,раката или препоните, кој потоа патува до белите дробови и го блокира протокот на крвта таму.

Без оглед на употребата на вакцина, ВТЕ најчесто е предизвикана од повреди или недостаток на движење кај пациенти кои останале во кревет. Земањето на апчиња за контрацепција и голем број на хронични состојби, исто така, се сметаат за ризик фактор на развој за ова нарушување.

Венската тромбоемболија беше вклучена во Планот за управување со ризик (РМП) за вакцината ковид-19, како безбедносно прашање што треба да се испита, врз основа на голем број случаи на ВТЕ пријавени во групата што ја прими оваа вакцина во однос на оние кои примиле плацебо, во големото клиничко испитување, чии резултати беа оценети во процесот на доделување за одобрение за ставање во промет на вакцината. Ова безбедносно прашање е внимателно следено, наведува ХАЛМЕД.

Во оваа студија, бројот на испитаници во двете групи кои доживеале ВТЕ бил мал, како и разликата помеѓу ВТЕ забележана во групата која ја примила оваа вакцина во споредба со плацебо групата, односно не достигнале статистичко значење врз основа на кое може да утврди дали станува збор за вистинска разлика или случајно откритие, се додава во извештајот.

Затоа, Комитетот за проценка на ризикот во делот на фармаковигиланцијата (ПРАК) препорача вклучување на венски тромбоемболизам како несакан ефект на вакцината Ковид-19, Вакцина Јансен, со многу ретка фреквенција, во информациите за производот, заедно со предупредување, за да се подигне свеста кај здравствените работници и поединци. кои ја примаат оваа вакцина, особено оние кои може да имаат зголемен ризик од ВТЕ, пишува ХАЛМЕД.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!