Вие имате прво да ја знаете вистината

МИГ-овите атерираа, а косовските специјалци РОСУ се вратија во касарните: Србите ги одблокираа патиштата на Косово

Според постигнатиот договор во Брисел, денес почнува повлекување на косовските специјални сили РОСУ од административните премини Јариње и Брњак.

Во исто време, се повлекуваат и српски барикади, а голема колона со припадници на КФОР, околу шест часот наутро, се упати кон северот на Косово.

Според Косово онлајн, во колоната се забележуваат италијански и полски војници, а КФОР ќе ги распореди своите војници на административните премини, кои треба да останат таму во следните две недели.

Со договорот постигнат со посредство на Мирослав Лајчак предвиден е во наредните две недели војската и специјалните полициски сили на Косово да се повлечат од северната граница.

Локалните Срби во сороработка со припадниците на словенечките сили кои како дел од НАТО војската ги расчистуваат барикадите

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!