Вие имате прво да ја знаете вистината

Неверојатна вест објавена на српската државна телевизија: Кога би било точно навивачите на Партизан би скокале од среќа (видео)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси конечно се запиша во листата на стрелците за својот нов клуб ПСЖ, но во извештајот на српската државна телевизија РТС тоа не звучеше така.

Додека водителката на националниот сервис ги читаше резултатите и стрелците на најелитното европско фудбалско првенство, се случи голем лапсус.

ПСЖ го совлада Манчестер Сити во дуелот на титаните во второто коло во Лигата на шампионите со 2: 0, а Лионел Меси го постигна својот прв гол во дресот на Партизан – се слушна од малите екрани и тоа со молскавична брзина заврши на социјалните мрежи.

Навивачите на Партизан ќе славеа до зори ако е вистина, но тоа е само човечка грешка. Се разбира, луѓето мора да се смеат малку во овие тешки времиња.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!