Вие имате прво да ја знаете вистината

Пара на рака, Мара за рака: Во Швајцарија стројниците добиваат подарок, треба да ве убедат да се вакцинирате, еве кои се условите

Швајцарија нуди подарок ваучери за луѓето што ги убедуваат другите да се вакцинираат против Ковид-19, објави вчера швајцарската влада.

Од секое ново вакцинирано лице ќе биде побарано да именува едно лице што го убедило да се вакцинира за да бидат наградени со ваучер во вредност од 53 долари – пишува АП.

Локалните власти ќе одлучат каде може да се користи ваучерот, на пример во кината или рестораните, се вели во соопштението.

Секој може да помогне да убеди пријател, сосед, соработник или член на семејството за придобивките од вакцинацијата. Оваа соработка на населението треба да се награди – објави владата.

Швајцарија има една од најниските стапки на вакцинација во Западна Европа со само 58 проценти од целосно вакцинирани луѓе од население од 8,7 милиони.

Швајцарија и соседното кнежество Лихтенштајн објавија повеќе од 840,000 случаи на коронавирус со 10,713 смртни случаи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!