Вие имате прво да ја знаете вистината

Бомбашки напад во Кабул, џамија “дигната во воздух, има загинати, во тек била комеморација за мајката на портпаролот на Талибаните

Неколку цивили загинаа денес во бомбашки напад на влезот во џамија во Кабул, изјави портпаролот на Талибанците.

Целта на бомбата била џамија во која се одржа комеморација за мајката на портпаролот на Талибанците Забинула Муџахедин, пренесе АП.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, меѓутоа, откако Талибанците го преземаа Авганистан кон средината на август, терористичките напади од таканаречената Исламска држава се зголемија.

Во исто време, зголемувањето на бројот на напади ја зголеми можноста за поширок конфликт помеѓу двете екстремистички групи, проценува АП.

Исламската држава го задржа присуството во источната провинција Нангархар и ги смета талибанците за непријатели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!