Вие имате прво да ја знаете вистината

Фотографија која “растури” на социјалните мрежи, толку великани и светски рекорди на едно место

Повеќекратниот светски шампион во ММА, Хабиб Нурмагомедов, денеска гостуваше на Олд Трафорд каде го следеше Манчестер Јунајтед на натпреварот против Евертон (1: 1).

Sездата на Јунајтед, Кристијано Роналдо и Нурмагомед се пријатели од порано, а Хабиб денеска го доби и дресот со број 7 на Роналдо.

Сепак, дури подоцна следуваше вистинското шоу, бидејќи тројца вистински спортски великани одеднаш се најдоа во друштво на Хабиб, легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, поранешниот играч на Јунајтед, Патрис Евра и легендарниот тркач Усеин Болт, за кој е познато дека е голем фан на тимот од Олд Трафорд.

Јунајтед ја сподели оваа одлична фотографија на социјалните мрежи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!