Вие имате прво да ја знаете вистината

“Гоце Вегета”: Апасиев ми го “замрзна” членството во Левица, му сметаше знамето од Кутлеш, јас ќе им го вратам тоа знаме на сите Македонци (видео)

Гоце Цветковски е кандидат за градоначалник на Охрид на Движењето Бојкотирам, а оваа движење своите кандидати ги има номинирано на листите на партијата ТМРО на Ванчо Шехтански. Гоце стекна огромна популарност кај граѓаните по една телевизиска дебата кога на своите против кандидати од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на изборитре за градоначалник на Охрид, им даде вегета за да можат да замезат со парите што ги “лапаат” од државата.

Вечерва Гоце Цветковски или популарниот “Гоце Вегета” гостуваше во емисијата Во Центар и одговараше на многу прашања. Целото интервју можете да го погледнете на следниот линк:

Гоце Цветковски кажа дека и порано се бавел со политика и дека е еден од основачите на партијата Левица во Охрид, но дека неговото членство било замрзанато од Президиумот на партијата бидејќи не се согласувале со него за знамето од Кутлеш и за некои историски прашања.

Во емисијата Во Центар, Гоце Цветковски категорично кажа дека без разлика на последиците неговата прва одлука ако стане градоначалник ќе биде да го симне сегашното знаме пред општината и да го стави старото знаме на Македонија, кое беше сменето по барање на Грција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!