Вие имате прво да ја знаете вистината

Кина во криза, затворени фабрики, темни градови, пред Нова година Европа ќе остане без ајфоните кои ги прават Кинезите!?

Фабриките што произведуваат мобилни телефони на Apple и друга електроника мораа да престанат да работат и тоа може да доведе до недостаток од тие производи околу Божиќ низ цела Европа.

Властите во кинеските провинции каде живеат милиони луѓе, започнаа со прекин на електричната енергија поради зголемените цени на јагленот и желбата да се намали емисијата на јаглерод диоксид, што доведе до тоа да престанат да работат лифтовите во зградите и уличното осветлување, пишува Телеграф.

Фабриките што произведуваат iPhone мобилна марка на Apple и друга електроника мораа да престанат да работат, а тоа може да доведе до недостаток на овие производи околу Божиќ.Некои автомобили заглавија во сообраќаен метеж, а луѓето почнаа да бараат свеќи и факели во своите домови. Сопствениците на продавниците прибегнаа кон слични решенија за да можат да продолжат да работат.

Намалувањето ги погоди и градовите Шенјанг и Далиан каде живеат повеќе од 13 милиони луѓе. Фабриките во сопственост на добавувачите на опрема за Apple и Tesla исто така не работат редовно. Иако политиката за ограничување на употреба на електрична енергија е позитивна во смисла на ублажување на климатските промени, неактивноста на фабриките може добро да ги разниша глобалните синџири на снабдување и да изврши притисок врз втората по големина светска економија.

Економистите во јапонската инвестициска банка Номура веќе ги намалија своите прогнози за раст на кинескиот БДП за 2021 година од 8,2 проценти на 7,7. Покрај фабриките што произведуваат електроника престанаа да работат и топилниците за алуминиум и рудниците за злато. Суспензијата на производствените процеси најверојатно ќе ги погоди и производителите на хартија и стакло.

Прехранбената индустрија страда затоа што фрижидерите не работат. Еден ловец на ракови рекол дека останал без , бидејќи неговите фрижидери останале без електрична енергија.

Хан Јун, гувернер на провинцијата Јилин, провинција со речиси 25 милиони жители и чие рационализирање предизвикува големи проблеми, во понеделникот рече дека Кина ќе мора да воспостави повеќе линии за снабдување за да ја задоволи побарувачката на јаглен и дека треба да се нарачаат повеќе залихи на таа суровина од Русија, Монголија и Индонезија.

Кина е најголемиот загадувач во светот и е под притисок на меѓународната заедница да ги намали емисиите на стакленички гасови. Пекинг рече дека врвот на емисиите ќе достигнат до 2030 година и дека Кина ќе стане земја неутрална со јаглерод до 2060 година. За да ја исполни таа цел, ќе мора да ја намали употребата на јаглен, суровина од која сеуште добива околу 60 проценти од електричната енергија. Кинеските власти, барем така тврдат, започнаа со намалувања токму поради овој факт.

Кинеските фабрики веќе некое време работат со полна пареа, па дури и прекувремено за да и помогнат на Кина да се опорави од заклучувањето што го воведе поради пандемијата на коронавирус. Зголемувањето на побарувачката дојде во време кога светот почна да се враќа во нормала.

Зголемената побарувачка за јаглен и природен гас доведе до повисоки цени на овие извори за енергија, но компаниите што произведуваат и дистрибуираат енергија не можат да ги зголемат цените на нивните производи бидејќи се под строга државна контрола. Некои компании губат толку многу пари што едноставно не се исплаќа да работат во такви услови.

Намалувањето на електричната енергија им создаде други проблеми на Кинезите.

Кинеската влада ги охрабри граѓаните да купуваат електрични автомобили, но во моментов нема шанси да ги наполнат батериите. Кинезите не можат ни да ги полнат батериите на своите мобилни телефони, што значи дека не можат да пристапат до нивните дигитални паричници, апликации за транспорт, услуги за испорака и сертификати за вакцинација.

Недостатокот на електрична енергија особено ја погоди северна Кина, регион познат по суровите и студени зими.

Милиони граѓани кои живеат на северот во минатото се замрзнаа во текот на зимата поради неуспешните обиди за промена и регулирање на енергетската политика. Многумина сега се прашуваат дали наскоро ќе треба да почнат да се подготвуваат за справување со студот во своите домови.

Се приближува зимата … Како можеа на луѓето на североистокот да им ја исклучат струјата – се пожали едно лице на Интернет.

Помладите Кинези, тинејџери и оние кои имаат дваесет години, популација која е премлада за да се сети како изгледа животот во Кина додека се развиваше земјата, беа зачудени од темнината на улиците. Некои никогаш не ги виделе улиците во вистинска темнина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!