Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови детали за несреќата во Милано: Авионот одеднаш го смени правецот и се удри во напуштена зграда, сите загинаа (видео)

Мал приватен авион се урна попладнево на празна зграда во предградието на Милано, при што загинаа сите осум лица во него, објави полицијата.

Авионот, кој полетал од аеродромот Линате во Милано, летал кон островот Сардинија, соопштија властите.

Несреќата се случила пред приградската метро станица.

Луѓето во областа слушнале експлозија кога авионот удрил во двокатна зграда, која во тоа време била празна додека се обновувала.

Пламен и чад се забележани на местото на настанот, а неколку паркирани возила се запалија, велат сведоците, но нема информации за други жртви.

Пилотот беше 30-годишниот Дан Петреску, Романец со германско државјанство. Меѓу патниците кои загинаа беше и 65-годишен француски државјанин роден во Романија, пишува Кориере дела Сера. Меѓу загинатите има и едно момче.

На местото на настанот имало 118 пожарникари и полицајци.

Колку што е познато, авионот се урнал само 11 минути по полетувањето. Кориере пишува дека одеднаш, наместо да продолжи на југ, се свртел кон Сан Донат, каде што се урнал. Според досега познатите информации, од авионот не е испратен повик за помош.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!