Вие имате прво да ја знаете вистината

Падна канадска цесна со транспарент: Дали ќе се омажеш за мене? Има загинати (видео)

Едно лице загина, а друго е повредено кога мал авион со транспарентот: Ќе се омажиш за мене, се урна во канадскиот град Монтреал.

Според CTV News, авион Цесна 172 се урнал недалеку од местото каде што се одржува музичкиот фестивал.

Полицијата соопшти дека едно лице го изгуби животот, а другото е пренесено во болница.

Портпаролот на канадскиот комитет за безбедност во сообраќајот изјави дека тимот на Комитетот ќе испита како се случила несреќата.

Ла Преше известува дека авионот припаѓал на компанија која се бави со рекламирање.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!