Вие имате прво да ја знаете вистината

Веќе не оди на работа со велосипед, за нив прв пат слушате, држат третина од кокаинот во Европа и му се закануваат на холандскиот премиер

Холандскиот премиер Марк Руте е ставен под полициска заштита поради страв да не биде нападнат од мароканската мафија, северноафриканска криминална организација поврзана со трговијата со кокаин, два месеци откако беше убиен холандскиот истражувачки новинар Питер Р. де Врис.

Нема повеќе возење велосипед на состаноци за холандскиот премиер Марк Руте. Весникот Де Телеграф на 27ми септември објави дека кралските и дипломатските безбедносни служби распоредиле телохранители за да го заштитат премиерот, за кој се верува дека е под закана од мокро мафијата.

Групата работи надвор од Холандија и Белгија и контролира една третина од трговијата со кокаин во Европа. Еден шеф на полицискиот синдикат во 2019 година рече дека Холандија станува нарко држава. Романот Мокро Мафија од 2014 година го измисли терминот и го привлече вниманието на јавноста кон таа криминална банда, раскажувајќи како група марокански крадци на накит во Амстердам ја создале една од најмоќните криминални организации во Европа. По успехот во Холандија, книгата беше екранизирана во ТВ серија.

Убиството на истакнатиот истражувачки новинар Питер Р. де Врис беше голем шок за државата. 64-годишникот беше убиен среде бел ден на 6 јули 2021 година, откако го напушти телевизиското студио во центарот на Амстердам. Тој почина девет дена подоцна. Холандските медиуми наведуваат дека осомничениот убиец дејствувал по наредба на Ридуан Таги, водачот на мокро-мафијата, кој беше уапсен во декември 2019 година и моментално се наоѓа во холандски затвор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!