Вие имате прво да ја знаете вистината

Седум работи кои не сте ги знаеле за најголемиот шопинг центар во Европа (фото)

Најголемиот трговски центар во Европа се наоѓа во Истанбул. Џевахир Истанбул ги отвори вратите на 15 октомври 2005 година. Ова се најинтересните факти за овој гигант од бетон, метал и стакло.

Џевахир Истанбул е изграден на површина од 62.475 квадратни метри во авенијата Бујукдере во областа Шишли во европскиот дел на Истанбул.

Центарот има 420.000 квадратни метри, од кои 110.000 метри се резервирани за продавници, ресторани и барови.

Џевахир Истанбул се состои од шест ката и 343 продавници, 34 продавници за брза храна и 14 ексклузивни ресторани.

Центарот вклучува и огромна сцена за концерти и други настани, 12 кино сали, куглана и мал забавен парк.

Во овој центар се наоѓа вториот по големина часовник во светот, кој е поставен на стаклен покрив. Бројките на часовникот се големи дури три метри.

Паркингот за посетителите на центарот е распослан на четири ката, зафаќа 71.000 квадратни метри и може да прими 2.500 автомобили одеднаш.

Се проценува дека се инвестирани околу 1,6 милијарди евра за изградба на центарот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!