Вие имате прво да ја знаете вистината

Антиваксери во Ватикан: Папата ги реши по кратка постапка, отказ за тројца од неговата швајцарска гарда, не се вакцинираат

Тројца членови на швајцарската гарда на Папата одбија да се вакцинираат и беа протерани од Ватикан. Иако во мај потпишаа послушност кон Папата по цена на животот, велејќи дека ја даваат главата за него, на крајот тие не биле ни подготвени да бидат боцнати ниту со игла.

Инаку, поглаварот на Католичката црква, папата Франциск, утврди дека никој што нема таканаречена зелена пропусница, односно сертификат за заштита од коронавирус, не смее да влезе на територијата на Ватикан. Бидејќи швајцарските стражари секојдневно стапуваа во контакт со Папата и неговите гости, Светата столица не сакаше да ризикува и нареди сите да бидат вакцинирани.

Таа одлука е на сила од петокот, а наредбата на Папата не им се допадна на шестемина кои одбија да се вакцинираат. Тројцата на крајот попуштија и беа вакцинирани, додека другите тројца беа отпуштени.

Ова го објави швајцарскиот „Tribune de Geneve“, кој ја пренесе изјавата на претставникот за јавност на папската швајцарска гарда, Урс Брајтенмосер. Тој изјави дека тројца анти-вакцинатори слободно ја напуштиле гардата, а дека тројца од оние што се премислиле се суспендирани додека не заврши целиот циклус на вакцинација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!