Вие имате прво да ја знаете вистината

Ја сакам твојата луда балканска глава: Ибра полни 40 години, вака Новак Ѓоковиќ му го честиташе роденденот на Златан (видео)

Порака од првиот светски тенисер по повод 40 -тиот роденден на напаѓачот на Милан.

Златан Ибрахимовиќ денеска слави 40 -ти роденден, а по тој повод разговараше за клупската телевизија. Доби честитки од многу спортисти, му се јави и легендарниот Фабио Капело, а една од пораките што особено привлече внимание дојде од Новак Ѓоковиќ.

Каде си Ибра, брате, среќен ти роденден. Tи посакувам се најдобро, среќа и здравје на фудбалскиот терен. Уште многу години за играње. Ја сакаме таа твоја луда балканска глава. Се надевам дека ќе се видиме наскоро, mu poрaче Ѓоковиќ.

Ибрахимовиќ тогаш кажа што мисли за Ѓоковиќ. Прво, ја ценам неговата балканска глава. Кога експлодира, прави добри работи, а тоа е и мојата филозофија. Кога сте лути, давате се од себе и сте повеќе фокусирани. Кога сте опуштени, тогаш не сте на исто ниво. Кога гледам дека Новак се лути, тој дава се од себе. Истото е случај и со мене, се чувствувам жив и добивам енергија. Тој е комплетен спортист. Можеби не беше таков на почетокот, но психички растеше со искуствоto. Новак е како мене, рече Ибрахимовиќ.

Погледнете ја роденденската честитка на Ѓоковиќ na 12:25 минута.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!