Вие имате прво да ја знаете вистината

Ливерпул се поклони пред фараонот! Ваков гол не е виден уште од времето на Марадона, колку тоа ќе ја чини касата на клубот? (видео)

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах игра фантастично на почетокот на оваа сезона, и го воодушеви фудбалскиот свет со неговата брилијантна игра против Манчестер Сити.

Тој не беше постојана опасност за одбраната на граѓаните, што не е секогаш можно во дуелите на вакви екипи, но кога најде дупка во одбраната на тимот на Пеп Гвардиола, го крена целиот Енфилд да му аплаудира.

Кансело, Бернардо Силва, Ајмерик Лапорт и Рубен Дијаз беа негови жртви во пробивите и дриблинзите кога тој беше стрелец на два гола за неговиот тим, а остатокот од фудбалскиот свет остана со чуство на огромен респект и стравопочит кон потезите на големиот Египќанец.

Така, посилно од минатата година, започна приказната за новиот договор на Мохамед Салах. Ливерпул е апсолутно подготвен да го задржи, додека тој самиот мисли дека е во своите најдобри години и чувствува дека е во животна форма.

На крајот на краиштата, тој го демонстрира тоа на теренот, но Ливерпул не сака да брза во финансиска дупка од која нема да може толку лесно да излезе. Актуелното раководство, предводено од американската спортска група Фанвеј, е претпазливо за сите потези. Имаат многу пари, но инвестираат внимателно и ги собираат наградите со години. Сепак, Мо Салах моментално има 29 години, и како што наведуваат релевантните медиуми блиски до клубот, Ливерпул сака да го има Салах во своите редови и по 2023 година, кога му истекува актуелниот договор, но тие не сакаат да ја уништат нивната политика.

Особено, тие немаат намера да му понудат џамбо договор што би го одвоил од остатокот на тимот, што би можело да ја доведе во прашање клупската хиерархија и да направат раздор во соблекувалната. Сакаат да го направат најплатениот играч во историјата, но да нема јаз меѓу него и остатокот од тимот.

Во моментов, Вирџил ван Дајк заработува најмногу, што е сосема разбирливо со оглед на важноста што ја има за тимот. Неговиот приход изнесува 220.000 фунти неделно. Како што е наведено, Салах може да добие максимум помеѓу 80 и 100.000 фунти повеќе од тоа.

Тој може да добие такво нешто, во овој момент, само од Ливерпул, кога станува збор за европските великани. Другите клубови имаат свои приоритети и треба да се земе предвид дека следната година ќе наполни 30 години. Ниту неговата позиција во целокупните преговори не е идеална, и покрај фактот дека тој е еден од најдобрите играчи во светот.

Моментално заработува 200.000 фунти неделно и тоа би бил голем скок за него. Според англиските медиуми, се треба да заврши до јануари, но секогаш постои тоа „но“, па да почекаме …

Оваа сезона, тој постигна девет гола на исто толку натпревари, со две асистенции. Тој е во Ливерпул од 2017 година кога пристигна од Рома и од тој момент едноставно блеска. во дресот на црвените

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!