Новак Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира? Донесена е одлука, ова нема да му се допадне на српскиот тенисер!?
Австралиската сојузна држава Викторија донесе одлука за задолжителна вакцинација со која се опфаќаат и сите професионални спортисти, пишува српскиот портал Објектив.
Таа одлука ќе стапи на сила и ќе почне да се спроведува од 26-ти ноември, кога сите вработени мора да ја испочитуваат одлуката.

Оваа одлука може да има влијание и на одржувањето на првиот гренд слем во 2022 година. Прашање е како оваа одлука ќе влијае врз тенисерите и тенисерките кои ќе бидат и ќе играат во Мелбурн на Австралија опен следната година, односно дали оваа мерка ќе важи и за оние кој немаат постојан престој во сојузната држава Викторија.
Познато е дека Новак Ѓоковиќ не е вакциниран, па ќе видеме дали по оваа одлука неговото мислење ќе се промени.