Вие имате прво да ја знаете вистината

Објавен е тајниот документ: Од што навистина страдаат агентите на ЦИА и зошто беше повлечен нивниот шпион од Белград?

Елитна екипа научници кои го советуваат Стејт департментот заклучија дека т.н. хавански синдром, од кој страдаат американските дипломати, не е предизвикан од микробраново оружје.

Тоа е извадок од тајниот извештај што сега е објавен во американските медиуми.

Во извештајот на советничката група JASON, која веќе со децении е составена од најдобрите научници во САД, се заклучува дека во осум случаи од 21 инцидент, звукот што го пријавиле дипломатите најверојатно доаѓал од штурците и дека е малку веројатно дека се работи за микробранови или ултразвучните бранови. Ова е наведено во извештајот направен во ноември 2018 година, и дури сега го виде светлото на денот, пишува Базфид њуз, а пренесува РТ.

Досега, околу 200 американски дипломати од различни земји пријавиле дека се разболеле од т.н хавански синдром, мистериозна болест чии симптоми вклучуваат мигрена, гадење, оштетување на меморијата и вртоглавица. Првиот случај беше регистриран во Куба во 2016 година, па затоа така беше именуван. Последниот пријавен случај се случи со дипломат кој служеше во Белград.

Тимот американски научници во извештајот наведува дека симптомите пријавени од дипломатите се реални, но дека „психогените ефекти можат да објаснат важни компоненти на пријавените симптоми“.

Овој извештај досега беше означен како таен и не беше доставен до комисијата на Националната академија на науките, чијшто извештај за хаванскиот синдром минатата година заклучи дека најверојатно станува збор за „насочена фреквенција“ што влијае на дипломатите, односно за микробранови.

Сепак, извештајот на групата JASON зборува сосема поинаку.

Ниту еден веродостоен извор на енергија (било да е тоа радио бранови, микробранови или ултразвук) не може да произведе снимени аудио / видео сигнали и пријавени здравствени ефекти. Снимениот звук е од механичко или биолошко потекло, а не електронски, се вели во извештајот на елитните американски научници.

Тие, исто така, идентификуваа и можен извор на звук, снимен за време на „нападот“ врз американски дипломати. Според нивното мислење, тоа е звук произведен од штурец од видот Anurogryllus celerinictus.

Тој вид беше идентификуван како можна причина за хаванскиот синдром, односно како извор на мистериозен звук, во јануари 2019 година од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, објави АП. Научниците од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес исто така веруваа дека психогениот фактор е причината за овој синдром, односно стресот поради работа во непријателска средина.

Експертите на JASON ја отфрлија можноста мистериозниот звук снимен за време на нападот да е всушност некаква микробранови или ултразвук, бидејќи електронската и Wi-Fi мрежата во областа каде што е снимена не претрпеле никакви пречки. Исто така, тие заклучија дека тоа не одговара на микробранови и ултразвучни фреквенции според пресметките на моќноста што би била потребна за нивната емисија.

Кубанските научници, несвесни за извештајот, објавија кон средината на септември дека тврдењата за тајно ултразвучно оружје што напаѓа американски дипломати немаат научна основа, и дека воопшто нема научни докази за такви напади. Тие заклучија дека најверојатно се работи за некаква масовна психоза.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!