Вие имате прво да ја знаете вистината

Аферата Пандора ја отвори пандорината кутија: Луѓето на Путин фатени живи во Монако, има и од Македонија (видео)

Повеќе од 300 јавни личности и 35 поранешни и сегашни лидери се изложени во документите кои покажуваат дека переле пари преку офшор компании

Врз основа на истрагата спроведена од ИЦИЈ (меѓународен конзорциум на истражувачки новинари) во која учествуваа 600 новинари од 117 земји откриено е скриеното богатство на некои од најмоќните луѓе во светот.

Според документите, јорданскиот крал Абдула има 30 компании во даночните раеви преку кои купил 14 луксузни недвижности во САД и Велика Британија.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш вложил 22 милиони долари во фирмите преку кои купил замок на југот на Франциа.

Во документите се спомнува и поранешниот британски премиер Тони Блер кој преку фирмите во даночните раеви купил недвижности во Лондон.

Според документите српскиот министер за финансии и поранешен градоначалник на Белград Синиша Мали купил 25 апартмани во Бугарија додека бил градоначалник.

Документите покажуваат дека блиската пријателка на Путин Светлана Кривонога купила луксузен апартман од 4 милиони долари во Монако.

Меѓу личностите кои се спомнуваат е и Доминик Штраус Кан поранешен министер за финансии на Франција и директор на ММФ.

Од Македонија засега се спомнуваат само две фирми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!