Вие имате прво да ја знаете вистината

Тајното оружје на Хитлер остана недовршено: Илјадници луѓе загинаа за неговата изградба, дали ќе беше спасен Третиот рајх!?

Во близина на Бремен, на брегот на реката Весер, се наоѓа еден од најголемите воени проекти на нацистичка Германија.

Тоа е бункер што се смета за најголем во Европа, каде Хитлер работел на тајно оружје – иновативни подморници со кои сакал да го освои светот.

Бункерот (Валентин) во Бремен-Фарге некогаш беше еден од најголемите воени проекти во нацистичка Германија.

Од 1943 до 1945 година, илјадници работници од цела Европа работеа на градилиштето во бункерот, но тоа не беше доброволно.

Бидејќи во тоа време сојузничките воздухопловни сили беа супериорни и можеа во секое време да делуваат на поголемиот дел од германската територија, изградбата на подморници во голем дел од бродоградилиштата беше невозможна мисија.

Во Валентино, подморниците требаше да бидат изградени со посебен вид технологија, sидови и тавани со дебелина од 4,5 метри.

Нацистичките лидери се надеваа дека ќе го сменат текот на војната за нив, со пробивање на сојузничките правци преку Атлантикот, па затоа не е изненадувачки што во тој момент проектот Валентин стана приоритет.

За само дваесет месеци, бил изграден бункер каде што работеле заробениците, во 12-часовни смени, без одмор.

Околу две илјади од нив починаа поради исцрпеност предизвикана од напорна работа и нехумани услови.

Денес се познати имињата на само 1.144 жртви, а идентитетот на другите жртви сe уште не е откриен.

Незавршениот дел од бункерот беше уништен од Британците кон крајот на март 1945 година, а кратко потоа изградбата беше запрена.

Во бункерот Валентин никогаш не била изградена подморница.

По војната, сојузниците го користеа бункерот како цел за испитување бомби.

Подоцна, плановите за уривање пропаднаа и Валентин стана игралиште за локалните деца.

Кон крајот на 1950 -тите, германската армија го користеше како полигон за обука, а потоа служеше на морнарицата како складиште.

Денес, Валентин е меморијален центар каде што се одржуваат изложби, потсетувајќи на жртвите од војната и залудното страдање на работниците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!