Вие имате прво да ја знаете вистината

Драма на Канарските острови: Лавата голта се пред себе, луѓето се евакуираат, илјада куќи се уништени (видео)

Вулканот на Канарските Острови за првпат еруптираше на 19 септември, а не е познато кога ќе престанат ерупциите.

Дел од вулканот се сруши на островот Ла Палма на Канарските Острови, така што протокот на лава кон морето се зголеми, објавија шпанските медиуми.

Државната телевизија РТВЕ наведува дека карпите чија температура е над 1.000 степени паднале и се движат по истиот пат како и досега, и затоа не се потребни нови евакуации.

Педро Санчез, шпанскиот премиер, најави програма за помош од 206 милиони евра за оние кои беа погодени од ерупцијата на вулканот.

Лавата досега уништи повеќе од 1.000 згради и предизвика голема штета на земјоделството и инфраструктурата на Канарските острови.

Повеќе од 5.500 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Вулканот на југот на Ла Палма, кој го посетуваат помалку туристи од другите Канарски острови како Тенерифе, Гран Канарија, Фуертевентура или Ланзароте, за првпат еруптираше на 19 септември, по 50 години.

Вулканолозите во моментов не можат да одредат колку долго ќе работи вулканот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!