Вие имате прво да ја знаете вистината

Епл работи како на филмска лента, тоа ќе биде “ѕвер” од мобилен телефон: Нов ајфон 14 со 2ТБ меморија

Не поминаа ниту десетина дена откако гигантот Епл ја престави во јавноста својата најнова генерација на телефони, Ајфон 13, веќе наголемо кружат гласините за уште понова верзија на мобилни телефони од популарното јаболко.

Најновите информации говорат новиот Ајфон 14 е новитетот кој Епл ќе го понуди наскоро во верзија со 2ТБ меморија. Тоа значи дека моменталната меморија кај следната генерација ајфони ќе биде удвоена. Епл и оваа година, со преставувањето на најновата генерација на Ајфон значајно ја зголеми меморијата во однос на предходниот модел, која сега изнесува 1ТБ за моделите Про и Про Макс.

Кои модели ќе бидат достапни со 2ТБ меморија, се уште не е прецизирано, но се верува дека тоа ќе бидат моделите Про и Про Макс. Освен тоа, капацитетот на останатите модели од понудата ќе биде зголемен од 512 ГБ на 1ТБ меморија.

Причините поради кои Епл ја зголемува својата меморија се непознати, но се претпоставува да една од нив е новата камера. Според досегашниот пример, потребно е најмалку 256 ГБ меморија за овогодинешните Про и Про Макс модели, како би можеле да снимаат ПроРес клипови во 4К резолуција при 30 fps. Верзијата со 128 ГБ меморија е ограничена со 1080p и 30 fps при ПроРес клипови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!