Вие имате прво да ја знаете вистината

Нема датум!? Бугарија и Романија ни го”сварија гравот” во ЕУ, западот на Балканот ќе биде закуцан на “дивиот исток”, што може Америка?

Хрватските медиуми наведуваат дека добиле увид во нацрт-заклучокот од самитот ЕУ-Западен Балкан, кој започнува во Словенија.

Суштината на тој самит, секако, е прашањето дали земјите од Западен Балкан (воопшто) имаат шанса да се приклучат на Унијата, за што се пишува многу ови денови, откако се појави документ според кој Брисел и ЕУ немаат намера скоро никого да прифатат во нивното друштво.

Прво се појави словенечки предлог, според кој официјална Љубљана сака да ја вклучи 2030 година во европската иднина на Западен Балкан – како краен рок до кој државите што се во статус на преговори со ЕУ треба официјално да влезат во тоа блок.

Сепак, самитот се уште не е започнат, а наводно веќе имаме нацрт заклучок од него во медиумите.

Како што пишува Јутарњи лист, наведувајќи дека ексклузивно имал увид во нацртот на тој заклучок, во тој текст „нема датум за проширување на Европската унија“.

Според весникот, лидерите на ЕУ го отфрлиле предлогот на Словенија за 2030 година, така што „нема датум“, пренесува Јутарњи лист, истакнувајќи дека нацрт -заклучокот е всушност сличен на текстот објавен од Ројтерс на 28 септември, според кој Европската унија повеќе не може да гарантира идно членство за шесте земји од Западен Балкан.

Јутарњи лист потсетува дека ЕУ отфрла да даде јасен рок за членство во ЕУ, по приемот на Романија и Бугарија, бидејќи двете земји, кога нивниот датум на пристапување беше одреден во 2007 година, престанаа со скоро сите реформи, што беа дел од процесот на преговорите.

Најновиот документ започнува со вообичаените фрази за тоа колку е важен Западен Балкан, проследен со дел за условите за членство во ЕУ, според новата методологија, пишува Јутарњи лист.

Поради се, заклучува весникот, Западен Балкан е на пат да стане Источно партнерство – Молдавија, Украина, Белорусија.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц посочува дека на Западен Балкан мора да му се понуди кредибилна перспектива за пристапување.

Инаку медиумите во регионот пишуваат дека единствениот притисок врз ЕУ, со кој е можно да се прифатат преостанатите земји од Западен Балкан во нејзиното членство до 2030 година, како што сега тоа го предлага Словенија, се САД.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!