Вие имате прво да ја знаете вистината

Фејсбук и Зукерберг по големата блокада: “Откривме зошто паднаа мрежите”. Акциите беа во слободен пад, грешка или саботажа!?

Според официјалното соопштение на компанијата причина за падот на Фејсбук е неисправната промена на конфигурацијата.

Facebook Inc ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за речиси шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се WhatsApp, Instagram и Messenger.

Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали таа била планирана. Неколку вработени во Фејсбук, кои сакаа да останат анонимни, за Ројтерс порано рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на интернет сообраќајот.

Неуспехот на алатките за комуникација преку Интернет и другите ресурси кои зависат од истата мрежа го влошија проблемот, велат вработените. Безбедносните експерти не ја отфрлија можноста за ненамерна грешка, ниту за саботажа, пишува Јутарњи лист.

Во текот на шестчасовната блокада акциите на Фејсбук паднаа за 5,3 отсто, а Марк Цукерберг изгуби скоро шест милијарди долари.

Испаѓањето на Фејсбук од глобалната мрежа беше вториот удар за тој гигант на социјалните медиуми, неколку дена откако “свиркачот” во неделата ја обвини компанијата дека честопати дава предност на профитот, наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.

Акциите на Фејсбук изгубија вредност уште по извештајот на свиркачот, а потоа продолжија да паѓаат. Додека светот преполн со конкурентни апликации како Твитер и Тикток, акциите на Фејсбук паднаа за 4,9 проценти, што е нивниот најголем дневен пад од ноември минатата година, пренесува Ројтерс.

Жал ми е за секоја мала и голема компанија, семејство и поединец што зависи од нас, напиша главниот директор за технологија Мајк Шрофер на Фејсбук , додавајќи дека „може да потрае некое време за да достигнат 100 проценти“.

Фејсбук, кој е најголемиот трговец со интернет огласи во светот, по Гугл, губеше околу 545.000 долари од приходите од реклами во САД на час, според проценките на Standard Media Index

Непосредно пред полноќ, тие почнаа да се поврзуваат на Интернет, речиси шест часа по глобалниот пад.

Набргу откако беше исфрлен од мрежата, Фејсбук призна дека корисниците имаат проблеми со пристапот до неговите апликации, но не даде никакви детали за природата на проблемот ниту пак кажа колку корисници се погодени.

Во текот на вечерта, ко-основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, исто така, проговори и им се извини на корисниците за непријатностите. Фејсбук, Инстаграм, Ватсап и Месинџер повторно се онлајн. Извинете за непријатностите денес. Знам колку се потпирате на нашите услуги за да останете поврзани со луѓето за кои се грижите, напиша Цукерберг.

Според Форбс, Закерберг загуби дури 6,6 милијарди американски долари, како и титулата петти најбогат човек во светот, за време на падот на доменот на Фејсбук, што исто така предизвика пад на вредноста на акциите на компанијата.

Акциите на Фејсбук паднаа за неколку процентни поени не само поради гореспоменатите технички потешкотии, туку и поради интервјуто со “свиркач” од компанијата што се емитуваше во неделата вечерта.

Њујорк тајмс пишува дека вработените во Фејсбук не можеле да влезат во зградата и да проверат зошто е паднат системот и зошто нивните картички не можеле да функционираат.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!