Вие имате прво да ја знаете вистината

Што губи Ѓоковиќ ако не се вакцинира? Во игра се милиони, слава и рекорди, Американците јавуваат дека е тој (тајно) веќе вакциниран!?

Грен слем титулите нема да ве заштитат. Единствено нешто што ќе ве заштити е да имате докази за првата и втората доза на вакцината, изјави Даниел Ендрјус, премиер на државата Викторија во Австралија, каде што ќе се одржи нардниот гренд слем тениски турнир Австралија опен.

Значи, пораката не може да биде појасна, а се однесува и на светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, кога се уште не се знае со сигурност дали е вакциниран. Новак беше обвинет дека е анти-ваксер поради некои претходни ставови во врска со вакцинацијата, иако се залага за слобода на избор.

Во секој случај, Новак, како и многу светски спортски sвезди, може да претрпи сериозни последици. Има огромен влог на масата, а тоа е да стане човек со најмногу грен слем титули во историјата на тенисот веќе во јануари.

Покрај тоа, тој ќе изгуби многу пари и ќе им дозволи на ривалите да се доближат до него. Победникот на Австралија Опен ќе доби 2,7 милиони долари, плус Ѓоковиќ има награди од спонзорот за учество и резултати на турнирите, така што конечниот износ на загуба е многу поголем.

Омилен грен слем турнир на Новак Ѓоковиќ е секако Австралија опен, каде најдобриот светски тенисер го освои пехарот девет пати и каде треба да се бори за десеттиот трофеј на почетокот на следната година, а воедно и својот 21-ви грен слем трофеј во кариерата, вклучувајќи ги и преостанатите три најголеми турнири во светот.

Сепак, големото прашање сега е дали Новак ќе учествува на претстојниот Австралија опен, бидејќи услов за тоа ќе биде задолжителната вакцинација против коронавирусот. И нема да има исклучоци, дури ни за најдобриот тенисер на светот.

Тенисерите кои се уште не се вакцинирани ќе имаат рок до 15 октомври да ја примат првата доза од вакцината против коронавирус, а рокот за втората е 26 ноември.


Значи, Новак ќе има максимум десет дена да донесе одлука за вакцинација, и тешко е да се предвиди како ќе биде, со оглед на тоа што претходно посочи дека не сака некој да го присилува на тоа.

Дека можеби работите се сменија во неговото размислување, сугерираа американските медиуми врз основа на еден настан.

Ѓоковиќ беше гостин на музичкиот фестивал Самерстејџ во Њујорк, каде влезот беше возможен само со потврда за вакцинација.

Поточно, само вакцинираните луѓе имаа дозвола да влезат во Централ Парк, за разлика од другите две блиски локации, што беше доволно за специјализираниот сајт на Спортскаеда да заклучи дека Новак е вакциниран.

Засега нема официјална потврда, туку само шпекулации за темата за која Ѓоковиќ првично зборуваше дека не би сакал да се вакцинира се додека не биде целосно информиран и не добие гаранции дека нема да погреши.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!