Вие имате прво да ја знаете вистината

Романски милијардер, неговото семејство и пријатели се жртви на несреќата во Милано. Нивниот авион се запали по ударот во напуштена зграда (видео)

Романскиот милијардер Дан Петреску, неговата сопруга, синот и петте пријатели загинаа кога авионот пилотиран од Петреску се урна во близина на Милано и целосно изгоре.

Претходно медиумите објавија дека во авионот имало француско семејство, како и дека меѓу жртвите има едно дете.

Малиот авион полета во неделата од аеродромот Линате во Милано кон Олбија во Сардинија, каде што живее Петреску, и се урна само пет минути по полетувањето во Сан Донато Миланезе, мал град југоисточно од главниот град на Ломбардија.

Авионот се запалил откако удрил во празна деловна зграда која била во фаза на реновирање, пренесува порталот Индекс.

Италијанските медиуми објавија дека во авионот биле Петреску (68), неговата сопруга Доротеа (65), неговите синови Ден Стефан (30) и Филипо (33), неговата сопруга и петмина пријатели.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!