Вие имате прво да ја знаете вистината

Саудискиот крал на секое патување носи две лимузини и два лифта, неговиот багаж тежи 506 тони, 240 слонови или 300 автомобили!

Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдул Азиз, оваа недела патува во Индонезија, а неговиот багаж не е воопште лесен и тежи 506 тона, што еквивалентно на тежината на 240 слонови или 300 автомобили, пишува Вашингтон пост.

Покрај големиот багаж, таму спаѓаат и неколку луксузни предмети, кралот на патувањето ќе носи две лимузини Мерцедес-Бенз С600, но ќе има и два лифта.

Се разбира, бидејќи овој кралски багаж ги надминува дури и најлиберални политки, превозот на товарот е на личен трошок на кралот.

Ади Гунаван од авио компанијата ПТ Јаса Ангкаса Семеста (ЈАС) наводно ја известил агенцијата Антара дека неговата компанија има ангажирано 572 работници за ефикасно и успешно организирање на транспорт на кралскиот багаж.

https://twitter.com/awadq2030/status/1444773224005443587?s=20

Меѓутоа, не е само неговиот багаж голем. На девет дневната посета, саудискиот крал со себе носи и голема екипа саудиски функционери. Според Џакарта пост, на пат ќе отпатуваат 1500 луѓе, вклучувајќи десет министри, 25 принцови и најмалку 100 припадници на обезбедувањето.

Иако изгледа драматично, грандиозниот стил на патување на саудискиот крал не е ништо ново за оваа фамилија. Кралот Салман и екипа од 1000 луѓе наводно во 2015 година разлутија локален градоначалник на француската ривиера обидувајќи се да изградат лифт без дозвола на една локална плажа.

Истата таа година при посетата на Вашингтон, кралската фамилија го откупи целиот хотел Four Seasons.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!