Вие имате прво да ја знаете вистината

Славниот рецепт на докторот Несторовиќ: Ги зема овие три работи секое утро и верува дека ќе дочека длабока старост

Кога ќе им кажете на Русите, па дури и на Србите, дека две недели и шест недели подоцна, практично два месеци, не треба да пијат или да пушат, тоа личи на кампања. Јас пијам чаша ракија секое утро после кафето, тоа е мојот познат рецепт ,слатко од дуња, кафе и ракија за имунитет и тоа е одличен рецепт , советува докторот Бранимир Несторовиќ.

Многу луѓе ќе речат дека пушењето или прекумерната употреба на алкохол го скратува животот, а добрата диета го продолжува, и ова е секако генерално точно.

Но, една голема анализа од 2010 година дава неочекуван одговор на ова прашање. Спореди се различни фактори кои го одредуваат животниот век и резултатите се изненадувачки, најважните фактори не се од физичка природа истакнува, д -р Несторовиќ.

Тој понатаму наведува дека човечката интеракција, припадноста кон групите и прифаќањето е најважниот фактор за долг живот. Како што вели тој, Скандинавците не живеат долго  само затоа што јадат риба од Северното Море, туку затоа што имаат организирано општество во кое индивидуата се почитува.

Да имаш пријатели и семејство е еден од најважните показатели за очекуваниот животен век. Доказ е дека ова е синдром на скршено срце, кога загубата на саканата личност доведува до откажување на срцевиот мускул и брза смрт на лицето кое ја доживеало загубата. Луѓето кои се долго во брак, често умираат еден по друг, истакна докторот.

Во современото општество, додава тој, родителите често се сместуваат во старечки домови, каде што недостатокот на емоционални врски со другите луѓе ги убива. Ние сме неопходни едни на други, луѓето се социјална мрежа, не постоиме еден без друг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!