Вие имате прво да ја знаете вистината

Старата дама не се откажува од Дибала, ќе го направи најскап фудбалер на Јувентус

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала е блиску до потпишување нов четиригодишен договор со тимот на Јувентус, објавија италијанските медиуми.

Актуелниот договор на 27-годишниот напаѓач истекува на крајот на сезоната, а потпис на новиот се очекува пред натпреварот со Рома во Серија А, на 17 октомври.

Според медиумите, Дибала би заработувал осум милиони евра по сезона, плус два милиони евра за бонусот, што би го направило најплатениот играч на клубот.

Дибала игра за клубот од Торино од 2015 година, кога се пресели од Палермо.

Јувентус моментно се наоѓа на седмото место во Серија А со 11 бодови, додека во групната фаза од Лигата на шампионите, забележа две победи, во исто толку натпревари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!