Вие имате прво да ја знаете вистината

Трагичен крај на потрагата во Солун, поранешниот репрезентативец пронајден мртов и со врзани раце, истрагата е во тек

Голема трагедија се случи во Грција. Поранешниот грчки фудбалски репрезентативец, 31-годишниот Никос Цуманис , беше пронајден мртов во својот автомобил во близина на Солун. Полицијата го бараше веќе неколку дена, а нивната потрага за жал заврши со најлош можен исход.

Грчките медиуми пишуваат дека Цуманис бил пронајден во близина на пристаништето и се сомневаат дека е убиен. Првите медицински извештаи и достапните информации велат дека смртта настапила поради задушување, а Никос наводно бил пронајден со врзани раце.

Во тек е полициска истрага која треба да го расветли случајот. Левиот бек исчезна во понеделникот, а полицијата веднаш започна да го бара откако семејството пријави дека го нема. Неговата смрт ја потресе цела Грција во која тој се врати да му помогне на клубот каде што ја започна својата кариера.

Кариерата ја започна во Македоникос во 2009 година, а потпиша за нив и ова лето. Едно време тој беше еден од најталентираните млади играчи, младински репрезентативец и Грците имаа големи очекувања од него, но неговата кариера не се разви како што сите очекуваа. Освен за Македоникос, тој играше и за Шкода Ксанти, Керкира, Арис, Пантракикос, Вериа и Аполон Понту .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!