Вие имате прво да ја знаете вистината

Живи се, но што се случи? Најголем пад на фејсбук досега, гигантот беше шест часа на колена, изгубени се 50 милијарди долари!?

Фејсбук, Инстаграм и Ватсап престанаа да работат попладнево, нешто после 17 часот.

Акциите на Фејсбук во моментов паднаа за околу пет проценти, со што пазарната вредност е намалена за повеќе од 50 милијарди долари, објавија светските медиуми.

Ова е најголем и најтежок прекин во работењето на овој технолошкиот гигант од 2008 година, кога една грешка го собори Фејсбук за еден ден, што тогаш влијаеше на околу 80 милиони корисници. Платформата во моментов има 3 милијарди корисници.

Во 2019 година, слична пауза траеше околу еден час. Фејсбук тогаш ја обвини промената на конфигурацијата на серверот за тогашниот прекин.

Сличен проблем се појави и сега, бидејќи е грешка со конфигурацијата на Фејсбук DNS системот. Фејсбук користи стотици илјади сервери во различни земји, така што враќањето во функција нема да се случи во сите региони во светот во исто време.

Тешкотиите со пристапот до услугите на Фејсбук започнаа малку по 17 часот, но околу 17:40 часот тие целосно паднаа.

Околу полноќ, услугите на Фејсбук полека почнаа да работат, иако сe уште имаше проблеми со објавување содржина. Инстаграм, Ватсап и Месинџер работеа, но сепак имаше проблеми со бавното вчитување и коментирање


Нешто пред 18:30 часот Фејсбук објави – на Твитер.

Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно поскоро и да се извиниме за непријатностите, велат од Фејсбук.

Околу 22 часот, Мајк Шрофер, шеф на техничкиот оддел на Фејсбук, исто така се огласи на Твитер.

Искрено извинување до сите погодени од падот на услугите на Фејсбук. Имаме потешкотии во мрежата и нашите тимови работат што е можно побрзо за да го поправат проблемот и да се вратат што е можно побрзо”, напиша Шрофер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!