Вие имате прво да ја знаете вистината

Црквата го признава скандалот, тоа е голем срам: Француски свештеници и монаси силувале 300 илјади деца и ранливи лица

Според Жан Марк Совие, претседател на комисијата за сексуална злоупотреба на црквата, во периодот од 1950 до 2020 година, најмалку 2.900-3200 идентификувани припадници на католичкото свештенство силувале или сексуално напаѓале околу 216.000 малолетници или ранливи возрасни лица во Франција, според Француската независна комисија за сексуална злоупотреба во црквата (CIASE).

Околу 2,6 проценти од вкупно околу 115.000 свештеници и монаси кои служеле во Католичката црква во Франција во тоа време, беа извалкани од педофилско злосторство.

За сексуалното злоупотребување на децата се обвинети помеѓу 2900-3200 свештеници на католичката црква во Франција.

Жан Марк Совие тврди проблемот е систематски затоа што кога црквата била информирана за злоставувањата на децата не преземала никакви мерки за да ги заштити децата од предаторите.

Се стравува дека бројката на злоставувани деца е поголема зошто не сите имале храброст да ги пријават свештениците.

Совие исто беше член на комисијата која ги истражување и сексуалните злоставувања од страна на католичката црква во САД,Ирска и Австралија.

Сове нагласи дека бројките се страшни. Ако на свештенството и монасите им се додадат и лаици во служба на Католичката црква, бројот на жртвите се искачува на 330.000.

Жртвите, вели Совие, биле главно момчиња (околу 80 проценти), претежно на возраст од 10 до 13 години. Мора да се признае – и ова не е утеха – има помалку педофилни напади во Католичката црква отколку во останатото француско општество: меѓу Французите постари од 18 години, 32 проценти биле сексуално нападнати во Црквата и 38 проценти во општеството во целост.

Највисок процент на малтретирање се случил помеѓу 1950 и 1969 година: 56 проценти. Нивниот процент нагло опадна во 1970-1990 година и оттогаш остана на исто ниво. Совие ова го објаснува со намаленото влијание на Католичката црква во општеството.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!